Институтот за човекови права оваа година 8 март го одбележува со онлајн настан „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, кој е во рамки на Вечерите на женски права (Women's Rights Nights). Жените се во првите редови во справувањето со кризата КОВИД-19, како здравствени работници, негувателки, иноваторки, организаторки на заедницата и како едни од најефикасните национални лидери во борбата против пандемијата. Кризата ја истакна и централноста на нивниот придонес и диспропорционалниoт товар што ги носат жените. За таа цел говорничките на овој настан ќе се осврнат на различните аспекти кои имаат влијание врз секојдневните животи на мноштво жени, а се како директен резултат на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД – 19. Настанот е под покровителство на Град Скопје и канцеларијата на UN Women Skopje, a во соработка со Award Film & Video.
Видеото почнува од 10:00 минута. Институтот за човекови права оваа година 8 март го одбележува со онлајн настан „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, кој е во рамки на Вечерите на женски права (Women's Rights Nights). Жените се во првите редови во справувањето со кризата КОВИД-19, како здравствени работници, негувателки, иноваторки, организаторки на заедницата и како едни од најефикасните национални лидери во борбата против пандемијата. Кризата ја истакна и централноста на нивниот придонес и диспропорционалниoт товар што ги носат жените. За таа цел говорничките на овој настан ќе се осврнат на различните аспекти кои имаат влијание врз секојдневните животи на мноштво жени, а се како директен резултат на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД – 19. Настанот е под покровителство на Град Скопје и канцеларијата на UN Women Skopje, a во соработка со Award Film & Video.
0 Comments
The call for submission of the films for the 12 edition of Women's Rights Nights is open until 14 December 2020. All interested film makers and producers can apply through Film Freeway. For more information you can contact us on: info@womensrightsnights.net.
Десетото јубилејно издание на „Вечерите на женски права“, ќе се одржи во знак на овогодинешната тема за одбележување на Меѓународниот ден на жената – 8ми Март: „Размислувај еднакво, гради паметно, со иновација за промена!“. Фокусот е на лидерките во индустријата, на start-up-и кои прават промена, социјални претприемнички, активистки и жени иноваторки, изнаоѓање начини преку кои ИНОВАЦИЈАТА може да ги премости пречките и да го забрза прогресот кон родовата еднаквост.
За таа цел објавуваме КОНКУРС за најдобра фотографија на наведената тема, на кој што ќе може да учествуваат учениците од средните училишта од Град Скопје. На конкурсот ќе се доделат три парични награди за најдобрите фотографии, во износ од 8.000, 10.000 и 12.000 денари, а наградите ќе бидат доделени за време на проекцијата на кратки документарни филмови и дебатата со Ана Јовковска наменета за средношколци во Кинотеката на Македонија, на 13ти март, со почеток од 12 часот. Фотографиите треба да се испратат до 8 март, на следната имејл адреса: info@womensrightsnights.net Настанот е под покровителство на Град Скопје, поддржан од UN Women – Тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, во партнерство со Институтот за родови студии - Филозофски Факултет Скопје, Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕФТА Скопје и Шведската амбасада во Скопје.
The call for submission of the films for the 10th edition of Women's Rights Nights is open until 18 January 2019. All interested film makers and producers can apply through Film Freeway. For more information you can contact us on: info@womensrightsnights.net.
|
Supported by:City of Skopje
Organizers:
Partners:Archives
March 2021
Categories |