Вечери на Женски Права 8
|
Women's Rights Nights 8
|
04.03.2017, Сабота |
04.03.2017, Saturday |
10:30-11:30 „Јога работилница“
со Центар за интегрална јога Дарма Локација: МКЦ Влез: Слободен Едночасовна работилница која ќе ги таргетира потешкотиите, физички и психички, со кои се соочува современата жена. Ќе ги посочи реперкусиите кои сегашиот начин на живот ги има по нејзиното здравје и по менталниот мир и, уште повеќе начинот како да се справиме со нив. Низ посебно дизајнирана јогиска програма, ќе го свртиме вниманието кон себе и ќе го слушнеме нашето тело и емоции. |
10:30-11:30 „Yoga workshop“
with Center for integral yoga Darma Location: YCC Free entry This workshop will target all difficulties - physically and mentally that the woman is facing in this modern society. We will outline the repercussions on the mental and physical health health and we'll find the way how to deal with them. Through specially designed yoga program, we will turn the attention to ourselves and learn how to listen to our body and emotions. |
Основата дејност на Центарот за интегрална јога ДАРМА е едукацијата во Интегрална јога, што се одвива преку едукативните курсеви за јога (почетни и редовни), и специјализирани курсеви за јога за бремени жени, јога за деца, за трето доба, за студенти, работни организации и јогиска релаксација. Програмата на Центарот вклучува и организирање на работилници, семинари, како и соработки со други граѓански здруженија. Освен основната дејност на Центарот, функционираат уште неколку програми: за Раѓање и родителство, за Здраво живеење, за Творење и креативност и за Хумана комуникација. Центарот го водат Љупка Ропевска и Даница Ивановска Лепојевиќ. Од 2015г. ЦИЈ Дарма ја води регионалната акција за хуманизација на породувањето „Слобода на раѓањето“ а која за цел има преиспитување на позицијата, улогата и правата на родилката за достоинствено породување.
|
The principal activity of Center for Integral Yoga Darma is the education for Integral Yoga, which is conducted through educational yoga courses (elementary and regular courses), and specialized yoga courses for pregnant women, for children, for people of third age, for students, for professional organizations and yogic relaxation. This Center’s program also involves organization of workshops, seminars, as well as collaboration with NGOs. Besides the basic activity , the Center includes other programs for: Childbirth and Parenthood, Healthy living, Production and Creativity and Human Communication. The Center is conducted by Ljupka Ropevska and Danica Ivanovska Lepojevik. Since 2015, CIY Darma has been leading the regional action for humanization of childbirth: “Freedom for Birth”, which principal goal is to reconsider the position, the role and the rights of the woman in childbed for a dignified childbirth.
|
12:00-15:00 „Работилница за раскажување и сценарио -
Вишните се кисели за сите“ со Ева Камчевска Локација: МКЦ Горно фоаје Влез: Слободен Со голем ентузијазам ја најавуваме работилницата за раскажување за најмладите посетители на „Вечерите на женски права“! Огромната креативност, откачените идеи и секогаш идеалните решенија за раскажување на приказни и пишување сценарија, се секојдневие на младата сценаристка Ева Камчевска. |
12:00-15:00 "Workshop for storytelling and scenario -
Cherries are sour for everyone" with Eva Kamcevska Location: YCC upper foaje Free entry With great enthusiasm we would like to announce the workshop for storytelling reserved for the youngest visitors of Women s Rights Nights! The great creativity, the whimsical ideas and solutions that are always ideal for storytelling and writing screenplays, are part of everyday routine of young screenwriter Eva Kamchevska. |
Eва Камчевска има работено на многу звучни проекти во Македонија и пошироко, како музичкото шоу „Македонски идол“, детската емисија „Пет плус фамилија“, хумористичната серија „Мајтапите на Итар Пејо“ и многу други. Ева моментално работи како слободен уметник, на проекти поврзани со филмот и театарот и се надева дека еден ден уметноста ќе биде ударна вест на ТВ дневникот! Ева се има оразовано на Факултетот за Драмски Уметности во Скопје и во Ванкувер, Канада.
|
Eva Kamchevska has been working on many famous projects in Macedonia and around, like the music show “Macedonian Idol”, children broadcasting “Family five - plus”, comic show “The pranks of Nimble Pejo” and many others. Eva currently works as a freelancer, on projects related to movie and theatre and hopes that one day art will become breaking news on TV journal! Eva has studied at Faculty of Dramatic Arts in Skopje and Vancouver, Canada.
|
12:00-15:00 „Работилница за фотографија“
со Татјана Ранташа Локација: МКЦ НВО центар Влез: Слободен Фотографијата како медиум денеска е достапна до сите. Скоро секој има мал дигитален апарат или телефон со кој може да фотографира. Фотографската работилница ќе ги заинтересира младите на поинаков начин да гледаат на фотографијата, на светот околу себе, доловувајќи ја магијата на фотографската уметност. Учејќи да фотографираат од технички аспект, би ги коментирале фотографиите и по нивното значење, содржината и пораките кои ги праќаат. Можеби во иднина, кога самите прават фотографии за социјални мрежи, нема да се претставуваат себеси во родово - стереотипни пози. |
12:00-15:00 "Photography workshop"
with Tatjana Rantasha Location: YCC NGO center Free entry Nowdays photography as medium is available to everyone. Almost everybody has some kind of digital device or phone that can take a photo. This photo workshop is supposed to incite youngsters’ interest in taking a different view on photography, on the world that surrounds them, by capturing the magic and art of taking photographs. Learning how to take a photo from technical point of view, they would be able to comment photos by their meaning, content and messages they send. Maybe, in future, they won’t represent themselves in gender- stereotyped poses when they make photos for social networks. |
Tатјана Ранташа, дипломиран инженер – архитект, се занимава со фотографија повеќе од петнаесет години. Се појавила како официјален фотограф на Литиум рекордс, Авалон, Универзална сала, Десонанц фестивал, МКЦ, Оффест и Скопје Џез Фестивал. Редовно учествува и е наградувана на домашни и меѓународни изложби kako: БОШ фестивал, Визуализатор, Марибор – Европски град на културата, Yixian Photography Festival, Кина и многу други.
|
Tatjana Rantasha, qualified engineer-architect, has been engaged in photography more than fifteen years. She has made an appearance as official photographer in Lithium Records, Avalon production, De:sonanz festival, MKC, OFFest and Skopje Jazz festival. She regularly takes an active part and has been awarded on national and international exhibitions like: BOSH Festival, Vizualizator, Maribor - European City of Culture, Yixian Photography Festival, China and many others.
|
05.03.2017, Недела |
05.03.2017, Sunday |
10:30-11:30 „Јога работилница“
со Центар за интегрална јога Дарма Локација: МКЦ Bлез: Слободен |
10:30-11:30 "Yoga workshop“
with Center for integral yoga Darma Location YCC Free entry |
12:00-15:00 „Жена Суперхерој“
Стрип работилница со Давор Драмаќанин и Здравко Гиров Локација: МКЦ Горно фоаје Влез: Слободен Што би биле стриповите без женските хероини? На работилницата ќе зборуваме за моќта на хероите но и моќта на женските хероини од познатите стрипови... за тоа дека машката енергија не може да опстане без женската и обратно, за поврзаноста на овие две енергии ... Секој маж во себе има женска енергија и секоја жена во себе носи машка енергија – совршен резултат се постигнува кога овие две енергии се во целосен баланс... секој ја бара и наоѓа половината којашто му недостасува... Учесниците ќе бидат поттикнати да го создадат нивниот совршен херој со заштитнички моќи а ќе ја разбудиме и креативноста за визуелниот израз... |
12:00-15:00 "Superheroine"
Comics workshop with Davor Dramakanin and Zdravko Girov Location YCC upper foaje Free entry What would the comics be without the woman heroine? At the workshop we will talk about the power of heroes but also the power of heroines from the famous comics We will also discuss the idea that the male energy cannot survive without the female and vice versa, and the connection between those two energies…every man possesses women energy within itself and every woman carries male energy – and when those two energies become completely balanced we got a perfect match… everybody seeks and finds the missing half… The participants will be incited to create their superhero with protective powers,…but also this will awaken their creativity and interest in visual expression… |
Предавачи се стрип авторите Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, кои повторно ќе работат со младите таленти со цел да се добијат нови и оригинални ликови и приказни. Во досегашната работа со ученици (4 стрип школи, многу кратки стрип работилници...) осетивме колку малку треба за да се внесат младите таленти во деветтата уметност.
|
The trainers, Zdravko Girov and Davor Dramikjanin , comic authors will work with young talents in order to get new and original characters and stories. The previous experience with students (4 comic schools, comic workshops of short duration …) has shown that there is not much effort needed to get young talents into the 9th art.
|
12:00-15:00 „Работилница за страв од породување“
со „Женски центар Астарта“ Локација: МКЦ НВО центар Влез: Слободен |
12:00-15:00 "Fear in Childbirth Workshop"
with "Female Center Astarta" Location: YCC NGO center Free entry |
Со оглед на тоа колку малку релевантни информации има современата жена за породувањето, неговите процеси и интервенциите поврзани со него, не изненадува фактот што стравот и збунетоста од него се толку големи. Иако се работи за чин кој е толку природен и толку својствен за самата жена, голем е бројот на жените кои после првото дете не сакаат да останат бремени по втор пат токму поради тоа што се плашат. Уште поголем е бројот на оние кои никогаш не биле бремени, а се преплашени. Во оваа сесија ќе ги изнесеме современите сознанија за односот на жената кон породувањето, но и односот на современата медицина кон породувањето, следствено, последиците од нив по менталната состојба на жената и бебето, врз идните генерации и врз човештвото воопшто.
|
Regardless all the relevant information that are available to a modern woman about childbirth, its processes and all the interventions connected to it, we are surprised by the fact that it causes great degree of fear and anxiety. Although we are talking about the act that is so natural and inherent to a woman, there are many women who don't want second pregnancy after the first one because they feel fear.There is even greater number of women who had never been pregnant , but are overwhelmed by the fear. In this session we will expose some contemporary knowledge about the attitude that woman adopts towards childbirth, but also the attitude of modern medicine related to childbirth, correspondingly, the impact it has on the mental condition of a woman and the baby, on the future generations and the humanity in general.
|
Даница Ивановска Лепојевиќ е психолог, наставник по јога, дула, советничка за доење, поетеса и мајка на прекрасно девојченце. И самата поминала низ искуството на бременоста, кога и се раѓа нејзиниот посебен интерес за породувањето, начините на кои жената денес се подготвува за овој чин и периодот кој следува после него. Во работата со бремените жени и младите мајки ги комбинира искуствата од јогата со сознанијата од психологијата и медицината, како и современите пристапи кон раѓањето, бременоста и родителството. Со идеја дека раѓањето е природен чин за кој секоја жена е обдарена со сила и мудрост, го основа Женскиот центар АСТАРТА со цел едукација и подобрување на позицијата на бремената жена, родилката и младата мајка, како и унапредување на квалититетот на животот на жената воопшто.
|
Danica Ivanovska Lepojevik is psychologist, yoga and doula instructor, breastfeeding counselor, poet and mother of a beautiful little girl. She has experienced pregnancy herself, and during that period she has developed special interest for issues regarding the childbirth, the ways to prepare the woman for this act and the postpartum period. She is working with pregnant women and young mothers combining the yoga experiences with the knowledge from psychology and medicine, as well as (the) modern approaches towards pregnancy, childbirth and parenthood.The female center ASTARTA was born from the idea that the childbirth is a natural act for which every woman possesses inherent strength and wisdom. The main purpose of the center is to educate and to improve the position of the pregnant woman, the woman in childbed and the young mother, as well as promotion of quality of life of the woman in general.
|
06.03.2017, Понеделник |
06.03.2017, Monday |
20:00-20:15 „Свечено отворање“
Локација: МКЦ Сала Фросина |
20:00-20:15 "Opening Ceremony"
Location: YCC Cinema Frosina |
20:15-21:45 Проекција на документарниот филм:
„Сибирска љубов“ Режисер: Олга Делане, Русија (Q&A со авторката на филмот по проекцијата) Локација: МКЦ Кино Фросина Влез: Слободен |
20:15-21:45 Screening of the documentary:
"Siberian Love" Director: Olga Delane, Russia (Q&A with the author of the film after the screening) Location: YCC Cinema Frosina Free entry |
Што и е потребно на една жена за да биде среќна и исполнета? По 20 години живот во Берлин, режисерката Олга Делан се враќа кон нејзините корени во едно мало сибирско село, каде што се соочува со традиционални погледи за врските, животот и љубота. Мажот е господар на домот; задачата на жената е да раѓа деца и да се грижи за домаќинството ( и за сè останато исто така ). „Сибирска љубов“ овозможува единствени погледи околу (љубовниот) живот во сибириското село и трага по вистината за универзалното вреднување на традиционалните врски. Замрзнувачка потрага по љубов во рурален Сибир.
|
What does a woman need to be happy and fulfilled? After 20 years of living in Berlin, the director Olga Delane goes back to her roots in a small Siberian village, where she is confronted with traditional views of relationships, life and love. The man is the master in the home; the woman’s task is to beget children and take care of the household (and everything else, too). Siberian Love provides unrivalled insights into the (love) life of a Siberian village and seeks the truth around the universal value of traditional relationships. A freezing quest for love in rural Siberia.
|
21:45-22:30 „Форум театар“
со Владимир Караев Локација: МКЦ Кино Фросина Влез: Слободен За разлика од класичниот театар, во Форум театарот публиката има активна улога и учествува за време на целата претстава. Нејзината активност се состои од споделување на мислења и ставови, но во одредени делови, учесниците од публиката може да заменат некој од актерите на сцена и да го покажат својот начин на делување во дадена проблем-ситуација. Целта на Форум театарот е да ги освести луѓето, вадејќи ги од конфорната зона, и од пасивни да ги претвори во активни и одговорни граѓани.Учесниците преку Форум театарот, играјќи ги своите улоги, на безбеден начин гласно зборуваат за своите проблеми и потреби. Целта на овој театар не е да се изнајде најдобро решение на проблемот, туку низ комуникација презентирање на повеќе различни пристапи во разрешување на проблем-ситуации, да се подигне нивото на самодоверба кај учесниците, вежбање на комуникациски вештини и асетивност, како и индивидуалната одговорност и проактивност во слични ситуации. |
21:45-22:30 "Forum Theater“
with Vladimir Karaev Location: YCC Cinema Frosina Free entry The difference between the classical theatre and the Forum Theatre is that the audience takes active part and participates during the whole performance. Its activity consists of sharing opinions and considerations, but in certain parts, the participants from the audience can replace some of the actors on the scene and show their way of acting in particular problem-situation. The purpose of the Forum Theatre is to bring people around by taking them out of their comfort zone, to transform them from passive to active and responsible citizens. By playing their role, the participants of the Forum Theatre can safely discuss their problems and needs. The goal of the theatre is not to find the best solution for the problem, but to present different approaches in solution of problem situations through communication, to boost the level of self-confidence of the participants, to practice communication skills and the individual responsibility and proactivity in common situations. |
22:30-00:00 „Коктел“
Локација: МКЦ Бифе Фросина |
22:30-00:00 "Cocktail“
Location: YCC Buffet Frosina |
07.03.2017, Вторник |
07.03.2017, Tuesday |
17:30-19:00 „Бизнис Кафе“
Локација: МКЦ Клуб-Ресторан Картите за настанот може да ги купите на следен начин: - плаќање на самиот влез - преку фактура со праќање на маил на: [email protected] - директно на трансакциска сметка: 210 - 067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на бизнис настан) |
17:30-19:00 "Business Coffee"
Location: YCC Club - Restoran Tickets for the event can purchased on this ways: - Payment on the entrance - By invoice by sending an email to: [email protected] - Directly to the bank account: 210-067036660110 (name of recipient: Aktiva Vel DOOEL. - Skopje, NLB, purpose of payment: Participation of business event |
Александра Дилевска
Бизнис кафе Македонија како дел од манифестацијата „Вечери на ЖЕНСКИТЕ ПРАВА“, ви ја претставува Александра Дилевска, извршен директор и ко-оснивач на Публицис Груп Македонија (со таг), која со нејзиното долгогодишно искуство ќе ја сподели својата приказна за патот до успехот. |
Aleksandra Dilevska
The Business Café Macedonia as part of the manifestation “Women’s Rights Nights”, presents Aleksandra Dilevska, executive director and co-founder of Publicis Group Macedonia, that will share her story of success through her years of extensive experience. |
Маријана Перковска
Бизнис кафе Македонија како дел од манифестацијата „Вечери на ЖЕНСКИТЕ ПРАВА“, ви ја претставува Маријана Перковска, сопственик на македонскиот бренд „Санда“ (со таг), која со нејзиното долгогодишно искуство ќе ја сподели својата приказна за патот до успехот. |
Marijana Perkovska
The Business Café Macedonia as part of the manifestation “Women’s Rights Nights”, presents Marijana Perkovska, owner of the Macedonian brand “ Sanda”, that will share her story of success through her years of extensive experience. |
Рената Наумовска
Бизнис кафе Македонија како дел од манифестацијата „Вечери на ЖЕНСКИТЕ ПРАВА“, ви ја претставува Рената Наумовска, интернационален PR експерт и тренер за односи со јавност, која со нејзиното долгогодишно искуство ќе ја сподели својата приказна за патот до успехот. |
Renata Naumovska
The Business Café Macedonia as part of the manifestation “Women’s Rights Nights”, presents Renata Naumovska, international PR expert and Public Relations Coach, that will share her story of success through her years of extensive experience. |
19:00-20:15 Изложба
„Нераскажаните приказни на суперхероини 4“ Локација: Музеј на Град Скопје Влез: Слободен Авторки:
|
19:00-20:15 Exhibition
"Untold stories of the super-heroines 4" Location: Museum of City Skopje Free entry Authors:
|
20:30-22:00 Проекција на документарниот филм:
„Ада за Градоначалничка“ Режисер: Пау Фаус, Шпанија Локација: МКЦ Сала Фросина Влез: Слободен |
20:30-22:00 Screening of documentary
"Ada for Mayor" Director: Pau Faus, Spain Location: YCC Cinema Frosina Free entry |
„Ада за градоначалник“ ја следи приказната за Ада Колау во период од една година, од времето поминато во организирање на анти-иселувачки борби во Барселона, до денот кога дава заклетва за нејзин градоначалник. Интимната хроника со главна улога на Колау преку прикажана преку нејзиниот видео дневник и привилегираниот пристап до внатрешните работи на новата граѓанска платформа, откриваат извонредно патување во кое се преплетуваат двете доминантни теми: илустративна историска победа за политичките промени што се одвиваат во Јужна Европа, и внатрешната борба на некој што се плаши да стане она за кое често се прашувал.
|
"ADA FOR MAYOR" follows Ada Colau for one year, from her time spent organizing the anti-eviction fight in Barcelona to the day she is sworn-in as its mayor. The intimate chronicle -featuring Colau’s own video diary and privileged access to the inner-workings of a new citizen platform reveal an extraordinary journey in which two prevalent themes are united: a historic victory illustrative of the political changes taking place in southern Europe, and the inner struggle of someone who fears becoming what she has so often questioned.
|
22:00-00:00 Коктел „Шпанска вечер“
во организација на Амбасадата на Кралството на Шпанија |
22:00-00:00 Cocktail "Spanish Night"
in organization of Embassy of Spain in Skopje |
08.03.2017, Среда |
08.03.2017, Wednesday |
19:00-20:15 Проекција на документарниот филм:
„Срцето на жената“ Режисерка: Андрејка В. Скрачиќ, Хрватска (Q&A со авторката на филмот по проекцијата) Локација: МКЦ Кино Фросина Влез: Слободен |
19:00-20:15 Screening of documentary:
"Heart of the Woman or 24/I" Director: Andrejka V. Skracic, Croatia (Q/A with the director after the screening) Location: YCC Cinema Frosina Free entry |
Сузана се труди најдобро што може да биде добра мајка на Вана и Јере, да го подржува својот маж и да се грижи за нивниот дом, а притоа и да биде креативна – доколку најде време. Иако е зафатена 24 часа на ден и често исцрпена, Хрватската служба за вработување и поголемиот дел од општеството ја третира како жена која не работи. Сузана смета дека тоа е неправедно и понижувачки и чувствува потреба да направи филм за еден обичен ден од нејзиниот живот. Нејзиниот филм се состои од 24 сцени, секоја од нив доловува еден аспект од нејзиното постоење, од секојдневни задолженија до сништа, копнежи и исповеди. Таа се буди рано, им дава на децата да јадат, ги изнесува надвор, потоа пере, прави ручек и пишува проекти и апликации за работа кои се секогаш одбиени. Таа е во продавница, во биро за вработување, на плажа. Навечер се буди заедно со своето синче за да го смири и размислува за животот, љубовта и недостигот од подршка и разбирање. Уморна но инспирирана од стиховите на Е. Дикинсон и делата на Тарковски, Сузана решава да направи филм посветен на мајчинството и женската креативност.
|
Suzana does her best to be a good mom to Vana and Jere, supports her husband and takes care of their home while trying to be creative – when and if she finds time. Although she is busy 24 hours a day and often exhausted, Croatian Employment Service and most of the society treat her as a person without work. Suzana finds this unjust and humiliating and has the need to make a film about one ordinary day in her life. Her film consists of 24 scenes, each capturing one aspect of her existence, from duties and realities, to dreams, longings and confessions. She gets up early, feeds the children, takes them out, then she does the laundry, makes lunch ready and writes project and job applications that are always turned down. She is at the market, employment office, beach. At night she wakes up to comfort her little son and reflects on life, love and lack of support and understanding. Tired but inspired by verses of E. Dickenson and Tarkovski’s work, Suzana decides to make a film dedicated to motherhood and woman’s creativity.
|
09.03.2017, Четврток |
09.03.2017, Thursday |
18:00-20:00 Работилница - Доврши ја реченицата:
„Би бил/а богаТ.А. само доколку сум...“ Македонска асоцијација за трансакциона анализа Локација: МКЦ Горно фоаје Влез: Слободен Сите ние во текот на нашето растење сме добивале пораки од типот дека сме или можеме да бидеме ОК само ако сме скромни, не бараме и не се истакнуваме премногу. Ве покануваме, заедно, преку ТА концептите, да ги откриеме доминантните уверувања, културолошките вредности и референтната рамка за себе и другите околу нас, за жената и финансискиот успех.... |
18:00-20:00 Workshop - Finish the line:
I will be rich only if i… Macedonian assosiation for transactional analysis Location: YCC upper foaje Free entry While we were growing up we have all received messages that we are or we can be OK only if we are modest, not asking too much and not exposing ourselves too much. We invite you to discover together the dominant beliefs, the cultural values and the frame reference for ourselves and for the others around us, for the woman and the financial succes through the TA concepts. |
Македонската асоцијација на Трансакциска aнализа - МАТА основана е во 1994 година и од тогаш континуирано придонесува за промоција на емоционалното и ментално здравје и личниот развој на луѓето, со помош на теорија, пракса, едукација и истражувања користејќи ги концептите на Трансакциската анализа. МАТА организира професионални обуки и програма за личен раст и развој ориентирана кон развивање на можности за себеспознавање, себереализација и оспособување за воспоставување на здрави релации на професионален, семеен или личен план. МАТА е член на Европската асоцијација за трансакциска анализа – ЕАТА.
|
Macedonian Association for Transactional Analyses – MATA has been founded in 1994 and since then has been continuously contributing in promotion of emotional and mental health and personal development of people, through theory, practice, education and research using the Transactional Analyses concepts. MATA is organizing professional training and programs for personal growth and development oriented towards developing possibilities for self-awareness, self-realization and qualification in order to construct healthy relations on professional, family and personal plan. MATA is member of European association for Transactional Analyses- EATA.
|
20:00-21:30 Проекција на документарниот филм:
„Мировна агенција“ Режисерка: Сју Усеем, САД/Индонезија Локација: МКЦ Кино Фросина Влез: Слободен |
20:00-21:30 Screening of the documentary
"The Peace Agency" Director: Sue Useem, USA/Indonesia Location: YCC Cinema Frosina Free entry |
Лиан Гогали и нејзините 500 женски студенти се сила која треба да се препознае во конфликтно растргнатата област Посо, Индонезија. Тие се дел од моќно и успешно движење за мир и правда во област која е измачувана од внатрешно религиозно насилство повеќе од една деценија.
Но пред пет години, Лиан била самохрана мајка која живеела во руралното Посо со скршена нога и големи сништа да ги едуцира маргинилизираните жени. „ Мировна агенција“ го следи нејзиното впечатливо патување од нејзиното село до Њу Јорк за да го создаде Женското училиште, институција која го трансформира целосно женскиот клас во агенти за мир и ненасилен граѓански активизам кое го менува текот на конфликтот во Посо, и можеби иднината на Индонезија. |
Lian Gogali and her 500 female students are a force to be reckoned with the conflict torn area of Poso, Indonesia. They are part of a powerful and successful movement for peace and justice in an area that has been racked by inter-religious violence for over a decade.
But five years ago, Lian was just a single mother living in rural Poso with a broken leg and a big dream to educate marginalized women. The Peace Agency follows her remarkable journey from her village to New York City to create The Women's School, an institution that transforms its all-female class into agents of peace and non-violence grassroots activism that has altered the course of the conflict in Poso, and possibly the future of Indonesia. |
21:30-23:00 Дебата:
„Улогата на жените во обединување при криза“ Говорници:
Влез: Слободен |
21:30-23:00 Debate:
"The role of the women uniting in times of crisis" Speakers:
Free entry |