Women's Rights Nights
14 edition 2023
  • News
  • About WRN
  • Program 2023
  • Past Editions
    • Program 2022
    • Program 2021
    • Program 2020
    • Program 2019
    • Program 2018 >
      • 08 March 2018
      • 03 April 2018
      • 28-31 May 2018
    • Program 2017
    • Program 2016
    • Program 2015
    • Program 2014
    • Program 2013
    • Program 2012
    • Program 2011
    • Program 2010
  • Gallery
    • Gallery 2022
    • Gallery 2021
    • Gallery 2020
    • Gallery 2019
    • Gallery 2018
    • Gallery 2017
    • Gallery 2016
    • Gallery 2015
    • Gallery 2014
    • Gallery 2013
    • Gallery 2012
    • Gallery 2011
    • Gallery 2010
  • Contact

The call for 14 edition of WRN is open

9/29/2022

0 Comments

 
The call for submission of the films for the 14 edition of Women's Rights Nights, which will be held in 2023, is now open.
We receive applications until:
  • 31 October 2022 (Early deadline)
  • 31 December 2022 (Regular deadline)
  • 31 January 2023 (Late deadline)
All interested film makers and producers can apply through Film Freeway.
For more information you can contact us on: womens.rights.nights@gmail.com.

0 Comments

Проекции за средни училишта од Град Скопје

3/21/2022

0 Comments

 
Picture
Како дел од предвидената програма на „Вечерите на женски права“, од 21 до 24 март, во кино салата на Кинотека, со почеток од 12.00 часот, ќе се одржат проекции на филмот „Фатени во мрежата“, од Вит Клушак и Барбора Чалупова (Чешка Република).
„Фатени во мрежата“ е филм во кој три млади актерки се преправаат дека се малолетни и гледаат што ќе се случи кога се пријавуваат во популарна онлајн соба за разговор. Експеримент кој ги отвора очите и кој што открива како оваа модерна форма на злоупотреба на деца станува крајно распространета и вообичаена закана.

Проекциите се наменети за ученици од средните училишта на Град Скопје, а распоредот по кој што ќе се одвиваат проекциите е следниот:
  • 21 март - СУГС Никола Карев и СУГС Здравко Цветковски
  • 22 март - СУГС Д-р Панче Караѓозов и СУГС Орце Николов
  • 23 март - СУГС Васил Антевски Дрен и СУГС Ѓорѓи Димитров
  • 24 март - СУГС Јосип Броз Тито и СУГС Марија Кири Склодовска

По секоја од проекции те ќе следи и дебата поврзана со темата во филмот.

0 Comments

Проекција на филмот „Фатени во мрежата“

3/10/2022

0 Comments

 
Денес (10.03.2022), со почеток од 20.00 часот, во кино салата на Кинотека, ќе се одржи проекција на документарниот филм „Фатени во мрежата“ од Вит Клушак и Барбора Чалупова (Чешка Република).
„Фатени во мрежата“ е филм во кој три млади актерки се преправаат дека се малолетни и гледаат што ќе се случи кога се пријавуваат во популарна онлајн соба за разговор. Експеримент кој ги отвора очите и кој што открива како оваа модерна форма на злоупотреба на деца станува крајно распространета и вообичаена закана.
Picture
0 Comments

Проекција на филмовите „HER“ и „Темниот пат“

3/9/2022

0 Comments

 
Picture
Picture
Денеска (09.03.2022), со почеток од 20.00 часот, во кино салата на Кинотека, ќе се одржи проекција на документарните филмови „HER“ од Хуан Карлос Бореро и Мелоди Карли (САД) и „Темниот пат“ од Анахид Давари (Иран).

„HER“ е трилогија која прикажува три жени херои кои имаат значајно влијание врз нивните заедници или земји. Нивните перспективи за работата и пресвртната точка во нивните животи, која ги довела до тоа да се откажат од сè што имале, за да им помогнат на другите. Во филмот се следат жени на различни континенти, жени со различно потекло, култура и религија, кои успеале да направат промена во нивните заедници и ширум светот.

„Темниот пат“ е филм за жените кои имаат рак на дојка во Иран и им треба дозвола од нивните сопрузи за медицинска операција и мастектомија. Иако ова нема правна основа, некои лекари избегнуваат да вршат операции на пациентки без дозвола од нивните сопрузи. Давањето вакви дозволи предизвикува многу проблеми во брачниот и социјалниот живот на пациентите.
0 Comments

Програма „Вечери на женски права“ 2022

3/5/2022

0 Comments

 
Тринаесеттото издание на „Вечерите на женски права“ ќе се одржи на 08 март во МКЦ, со почеток во 19.00 часот, како и на 09 и 10 март во Кинотека, со почеток во 20.00 часот.

08 Март - МКЦ Галерија
19:00, Изложба Будење 3

08 Март - МКЦ Кино Фросина
20:00, „Дејт“, авторска монодрама на Сандра Силаѓев
* Присуството е ограничено поради протоколите за ковид-19.
* Бројот на билети е ограничен. Поради огромниот интерес билетите ќе бидат пуштени во понеделник, 7 март, во 12:00 часот, а ќе може бесплатно да се набават само онлајн, на: www.bileti.mkc.mk.
За да имаат сите еднаква можност за набавка на билети, резервации нема да има.

09 Март - Кинотека, 20.00ч.
Проекција на документарните филмови:
- „HER“ (45 мин) САД, режија: Хуан Карло Бореро, Мелоди Карли
- „The Dark Way“ (48 мин), Иран, режија: Анахид Давари

10 Март - Кинотека, 20:00ч.
Проекција на документарниот филм:
- „Caught in the Net“ (100 мин), Чешка Република, режија: Вит Клушак и Барбора Чалупова

Дополнителна програма
* Во месец март ќе се одржат проекции на документарниот филм „Caught in the Network“ (60 мин. верзија) за ученици од средните училишта на Град Скопје, во Кинотека.

„Вечерите на женски права“ се организираат под покровителство на Град Скопје, во реализација на Авард Филм и Видео и во партнерство со UN Women и Интернационалниот Универзитет ЕУРОПА ПРИМА.

Повеќе детали за програмата на следниот ЛИНК.

Влезот е БЕСПЛАТЕН за сите настани.
0 Comments

„ДЕЈТ“ - авторска монодрама на Сандра Силаѓев

3/4/2022

0 Comments

 
Picture
8 март 2022, 20.00ч. Сала Фросина

  • За претставата „Дејт“
Средовечната дама и самохрана мајка Оливера Живковиќ излегува на закажан љубовен состанок. Сепак, нејзиниот партнер не се појавува. Оливера чека. Кого и што? Дали ќе ги дознае резултатите од своите здравствени наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заклетвата за вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и висината на потпетицата се обратно пропорционални со силата на моралот? Дали ќе дозне дали кафулињата се приспособени на потребите на лицата со посебни потреби? Дали светот е безбедно место за тинејџерките? Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка? Како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време? Оливера се чувствува како дама, распуштеница, бабадевојка и разведена, дури и вдовица, иако никој не умрел. Полудена е од категоризациите и чудните односи помеѓу љубовниците во 21 век. Таа верува дека не бара многу од животот, само и едноставно она што секој возрасен поединец го сака за себе – да ја најде својата сродна душа. Има ли таков за Оливер во „целиот овој свет“? Или барем на Интернет?

Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера, но и да помогне во одговорот на некои од овие прашања при специјалниот епилог со прашања и одговори.

  • Оваа монодрама не е за малолетници. Вулгарноста и вулгарната реторика се користат како инструмент за прикажување на двојните стандарди што се наметнуваат првенствено врз жените;
  • Не е дозволено снимање и сликање за време на монодрамата;
  • Настанот ќе биде организиран со почитување на актуелните ковид-протоколи

Бројот на билети е ограничен. Поради огромниот интерес билетите ќе бидат пуштени во понеделник во 12:00, а ќе може бесплатно да се набават само онлајн, на www.bileti.mkc.mk. За да имаат сите еднаква можност за набавка на билети, резервации нема да има.

  • Сандра Силаѓев
Сандра Силаѓев е родена на 7 февруари 1979 година во Штип. Дипломирала на Академијата за уметности, првите три години во класата на Предраг Ејдус, а потоа нејзината генерација ја презел Владимир Јевтовиќ. Студирала социологија, виша педагогија, мировни студии како и маркетинг на Факултетот за драмски уметности во Белград. Се занимавала со скулптура, керамика, пеење и видео монтажа. Работела во куклен патувачки театар, во центар за сместување и престој на деца и младинци со попреченост, како и во дом за стари лица. Таа го напишала и режирала текстот за инклузивната претстава „Надежта во Белград“. Таа е една од сценаристите на серијата „Вистини и лаги“ во која го толкува ликот на Олга. Со Марта Фиш го снимила филм „Риалити во инвалидска количка“ и ,,Риалити со бел стап". Има објавено 3 стрипа за Самиздат Б92 и глумела во филмот „Такси блуз“.
0 Comments

Отворање на изложбата „БУДЕЊЕ 3“

3/4/2022

0 Comments

 
Галерија М.К.Ц. 08/03/2022, 19:00ч.
Изложбата ќе трае до 15/03/2022.


Селектор и организатор на изложбата: Шкипе Мехмети
Текст во каталогот: Маја Чанкуловска (куратор и историчар на уметност)

Изложбата „Будење 3 (Awakening 3)“ и оваа година ќе се организира по повод Меѓународниот ден на жената  8 Март, со сета индивидуална и колективна борба што му претходела на овој ден и борбата што сѐ уште трае во различни сегменти во општеството.   
Таа е во директна релација со личните женски позиции, бидејќи големата револуција за ослободување на жените не е завршена, таа штотуку почна! Имајќи ги предвид илјадниците години на женска потчинетост и владение на мажите, времето на слобода и рамноправност на жените е нова и кревка придобивка на една генерација што мора да се негува, да се продлабочува и да се шири од цивилизациските центри кон периферијата на светот. Револуционерните промени во развиените општества се придобивки што не ги споделуваат сите жени. Сѐ уште постојат места каде што жените се без име и идентитет. каде што на жените им е забрането да бидат личност и каде што кога се личности, тоа ги застрашува мажите, кои стануваат агресивни соочени со својата несигурност пред жените што се свесни за себе. Сѐ уште денес во ова време на напредок има места каде што жените се третираат како машини за репродукција на човештвото и како корисни машини за обработка на почвата или за индустриско производство во фабриките, иако формално ги имаат истите права на образование и работа како мажите. Сѐ уште заостанатата средина и традицијата врши притисок на жените да се повлечат во анонимност и општеството манипулира со нивните животи. Сѐ уште постајат места каде што дури и кога жените формално имаат законско право на еднаквост со мажите, тие се третирани лицемерно со потценување и одново се туркаат во темнината надвор од јавната сцена како пасивни употребни предмети без право на индивидуализација и без можност реално да ги остварат своите законски права, кои така тешко ги извојуваа.
Темата на изложбата, која се повикува на темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март нa UN Women, “Gender equality today for a sustainable tomorrow” e посветена токму на ослободувањето на жените што започна и на револуцијата што не е завршена. Живеејќи во општество каде што жените ги обезбедиле своите законски права и се формално еднакви со мажите не значи дека живееме во слободно општество на остварени права на жените.
“Будење 3” претставува уште една можност за мобилизирање на глобална акција за постигнување родова еднаквост и човекови права на сите жени и девојчиња.
Жените се должни да го прошират полето на свесност за сопственото место и положба во општеството преку конкретни акции, организирање културни настани и презентација на проекти, зборувајќи јавно и отворено, без предрасуди, за своите проблеми, потреби и права.

Уметнички што учествуваат на изложбата:
  • Жанхог Лиао (Кина/Холандија)
  • Вана Урошевиќ (С. Македонија)
  • Диана Томиќ Радеска (С. Македонија)
  • Марина Чориќ (Хрватска)
  • Марија Сотировска Богдановска (С. Македонија)
  • Марија Ветероска (С. Македонија)
  • Јелена Медиќ (Република Српска, Босна и Херцеговина)
  • Миа Медаковиќ Топаловиќ (Србија)
  • Лаура Брахими (Косово)
  • Јана Манева Чупоска (С. Македонија)
0 Comments

The call for 13 edition of WRN is open

9/21/2021

0 Comments

 
The call for submission of the films for the 13 edition of Women's Rights Nights, which will be held in March 2022, is now open.
We receive applications until:
  • 31 October 2021 (Early deadline)
  • 31 December 2021 (Regular deadline)
  • 31 January 2022 (Late deadline)
All interested film makers and producers can apply through Film Freeway.
For more information you can contact us on: info@womensrightsnights.net.

0 Comments

Филмска програма на „Вечери на женски права“ од 14 до 16 мај 2021, 20:00ч. во Кинотека

5/8/2021

0 Comments

 
Во рамките на програмата на дванаесеттото издание на „Вечерите на женски права“, во периодот од 14 до 16 мај 2021, со почеток од 20 часот, во летното кино на Кинотека, ќе се одржат проекции на три документарни филма. Влезот на проекциите е бесплатен. Во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во кино салата на Кинотека.
14.05.2021, 20:00ч.
„ФОРТЕ“
Режисер: Дејвид Донели

2020 / 60 мин /
Аргентина, Франција, Германија, Норвешка,
Португалија, Русија, Велика Британија, САД
15.05.2021, 20:00ч.
„Денот на жената“
Режија: Долија Гавански

2019 година / 85 мин /
Велика Британија и Русија
​16.05.2021, 20:00ч.
"Тоа е тинејџерски свет - Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ", режија: Лин Глазиер
2009 / 45 мин /
Канада
Picture
Picture
Picture
Форте е колажен документарен филм кој ги предизвикува популарните, но застарени поими за успех во класичната музика преку брз наратив на три жени уметници: Татјана Берман, Лусија Карузо и Елдбјерг Хемсинг. Нивните приказни се контекстуализирани со искрени коментари од некои од најдобрите светски класични музички личности, вклучувајќи ги Пааво Јарви, Тан Дан, Јо Ан Фалета и Ксенија Башмет.
Воодушевувачки приказни на жени од СССР - пионери и преживеани - кои ги откриваат своите животи од револуцијата во 1917 година до денес. Интимна, изненадувачка, смешна, ексцентрична, болна и контрадикторна - ова е непозната историја на рускиот феминизам.
Внатрешен поглед на културата на сексуално вознемирување и малтретирање широко распространета помеѓу тинејџерите денес. Овој уникатен филм ја испитува цената што адолесцентите, особено девојките, мора да ја платат за да бидат кул и популарни во нашиот храбар нов вмрежен свет.
0 Comments

Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - Вечери на женски права 2021

3/15/2021

0 Comments

 
Видеото почнува од 10:00​ минута.
Институтот за човекови права оваа година 8 март го одбележува со онлајн настан „Последиците од кризите никогаш не се родово неутрални - како женското лидерство влијае за остварување родова еднаквост за време на Ковид-19?“, кој е во рамки на Вечерите на женски права (Women's Rights Nights). Жените се во првите редови во справувањето со кризата КОВИД-19, како здравствени работници, негувателки, иноваторки, организаторки на заедницата и како едни од најефикасните национални лидери во борбата против пандемијата. Кризата ја истакна и централноста на нивниот придонес и диспропорционалниoт товар што ги носат жените. За таа цел говорничките на овој настан ќе се осврнат на различните аспекти кои имаат влијание врз секојдневните животи на мноштво жени, а се како директен резултат на пандемијата предизвикана од вирусот КОВИД – 19. Настанот е под покровителство на Град Скопје и канцеларијата на UN Women Skopje, a во соработка со Award Film & Video.

0 Comments
<<Previous

    Supported by:

    City of Skopje
    Picture
    Picture

    Organizer:

    Picture

    Partners:

    Picture
    Picture
    Picture

    Picture
    Picture
    Picture

    Archives

    September 2022
    March 2022
    September 2021
    May 2021
    March 2021
    August 2020
    February 2020
    February 2019
    December 2018
    April 2018
    March 2018
    July 2017
    March 2017
    February 2017
    November 2016
    February 2016
    December 2015
    February 2015
    February 2014
    February 2013
    January 2012

    Categories

    All

Powered by Create your own unique website with customizable templates.