8 March 2022, 19.00h
|
8 март 2022, 19.00ч
|
Art exhibition "AWAKENING 3"
Selector and organizer of the exhibition: Shqipe Mehmeti Artists who will participate in the exhibition:
The exhibition "Awakening 3" this year will be organized on the occasion of International Women's Day March 8, with all the individual and collective struggle that preceded this day and the struggle that still continues in different segments of society. The theme of the exhibition, which addresses the general theme of UN Women's March 8, 2022, "Gender equality today for a sustainable tomorrow", is dedicated to the liberation of women that has begun and the revolution that is not over. |
Ликовна изложба „БУДЕЊЕ 3“
Селектор и организатор на изложбата: Шкипе Мехмети Уметнички кои ќе учествуваат на изложбата:
Изложбата „Будење 3 (Awakening 3)“ и оваа година ќе се организира по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, со сета индивидуална и колективна борба што му претходела на овој ден и борбата што се уште трае во различни сегменти во општеството. Темата на изложбата која се повикува на генералната тема за Меѓународниот ден на жената, 8 март за 2022 нa UN Women, "Gender equality today for a sustainable tomorrow", e посветена токму на ослободувањето на жените кое започна и на револуцијата што не е завршена. |
8 March 2022, 20.00h
|
8 март 2022, 20.00ч
|
"DATE"
Original monodrama by Sandra Silagev Synopsis: Middle-aged lady and single mother Olivera Zivkovic goes out on a scheduled love date. However, her partner does not show up. Olivera is waiting. Who and what? Will she find out the results of her health findings? Will she discover the meaning of marriage and the oath of eternal love? How does Olivera treat motherhood and how does she interpret the position of women in today's society? Will she understand why the length of the dress and the height of the heel are inversely proportional to the strength of morality? Will it find out if the cafes are tailored to the needs of people with disabilities? Is the world is a safe place for teens? Is it better to be a paid or unpaid housewife? How does a single mother breastfeed her baby and go to work at the same time? Olivera feels like a lady, a divorcee and a babysitter, even a widow, even though no one has died. She is crazy about categorizations and strange relationships between lovers in the 21st century. She believes that she does not ask for much of life, just and simply what every adult individual wants for himself - to find his soulmate. Is there one for Oliver in "this whole world"? or at least on the Internet? The audience will have the opportunity to follow the flow of Olivera's thoughts, but also to help answer some of these questions in the special epilogue with questions and answers. WARNING:
The number of tickets is limited. Due to the huge interest, the tickets will be released on Monday, March 7, at 12:00, and will be available for free only online, at www.bileti.mkc.mk. In order for everyone to have an equal opportunity to purchase tickets, there will be no reservations. Sandra Silagev https://www.facebook.com/siladjevsandra https://www.youtube.com/MsSasyla Sandra Silagev was born on 7 February 1979 in Stip. She graduated from the Academy of Arts, the first three years in the class of Predrag Ejdus, and then her generation was taken over by Vladimir Jevtovic. She studied sociology, pedagogy, peace studies and marketing at the Faculty of Dramatic Arts in Belgrade. She was engaged in sculpture, ceramics, singing and video editing. She worked in a puppet theater, in a center for accommodation and stay of children and youth with disabilities, as well as in a home for the elderly. She wrote and directed the text for the inclusive play "Hope in Belgrade". She is one of the screenwriters of the series "Truths and Lies" in which she plays the character of Olga. With Marta Fiš she made the movie "Reality in a wheelchair" and "Reality with white stick". She has also published 3 comics about Samizdat B92 and she starred in the movie "Taksi Bluz". |
„ДЕЈТ“
Авторска монодрама на Сандра Силаѓев Содржина: Средовечната дама и самохрана мајка Оливера Живковиќ излегува на закажан љубовен состанок. Сепак, нејзиниот партнер не се појавува. Оливера чека. Кого и што? Дали ќе ги дознае резултатите од своите здравствени наоди? Дали ќе го открие значењето на бракот и заклетвата за вечна љубов? Како Оливера го третира мајчинството и како ја толкува положбата на жената во денешното општество? Дали ќе разбере зошто должината на фустанот и висината на потпетицата се обратно пропорционални со силата на моралот? Дали ќе дозне дали кафулињата се приспособени на потребите на лицата со посебни потреби? Дали светот е безбедно место за тинејџерките? Дали е подобро да се биде платена или неплатена домаќинка? Како самохрана мајка го дои своето бебе и оди на работа во исто време? Оливера се чувствува како дама, распуштеница, бабадевојка и разведена, дури и вдовица, иако никој не умрел. Полудена е од категоризациите и чудните односи помеѓу љубовниците во 21 век. Таа верува дека не бара многу од животот, само и едноставно она што секој возрасен поединец го сака за себе - да ја најде својата сродна душа. Има ли таков за Оливер во „целиот овој свет“? Или барем на Интернет? Публиката ќе има можност да го следи текот на мислите на Оливера, но и да помогне во одговорот на некои од овие прашања при специјалниот епилог со прашања и одговори. НАПОМЕНА:
Бројот на билети е ограничен. Поради огромниот интерес билетите ќе бидат пуштени во понеделник, 7 март, во 12:00 часот, а ќе може бесплатно да се набават само онлајн, на www.bileti.mkc.mk. За да имаат сите еднаква можност за набавка на билети, резервации нема да има. Сандра Силаѓев https://www.facebook.com/siladjevsandra https://www.youtube.com/MsSasyla Сандра Силаѓев е родена на 7 февруари 1979 година во Штип. Дипломирала на Академијата за уметности, првите три години во класата на Предраг Ејдус, а потоа нејзината генерација ја презел Владимир Јевтовиќ. Студирала социологија, виша педагогија, мировни студии како и маркетинг на Факултетот за драмски уметности во Белград. Се занимавала со скулптура, керамика, пеење и видео монтажа. Работела во куклен патувачки театар, во центар за сместување и престој на деца и младинци со попреченост, како и во дом за стари лица. Таа го напишала и режирала текстот за инклузивната претстава „Надежта во Белград“. Таа е една од сценаристите на серијата „Вистини и лаги“ во која го толкува ликот на Олга. Со Марта Фиш го снимила филм „Риалити во инвалидска количка“ и ,,Риалити со бел стап". Има објавено 3 стрипа за Самиздат Б92 и глумела во филмот „Такси блуз“. |
9 March 2022, 20.00h
|
9 март 2022, 20.00ч
|
"HER"
documentary film, 42 min. USA Director: Juan Carlos Borrero, Melodie Carli |
„HER“
документарен филм, 42 мин. САД Режија: Хуан Карлос Бореро, Мелоди Карли |
HER a Trilogy that explores the backgrounds of women heroes who have a meaningful impact on their communities or countries. Their perspectives on the work and turning point in their lives to give up everything they had to empower others. We will follow the footsteps of a women leader on each continent, women with various backgrounds, culture and religions who made a difference in their communities and around the world.
|
„HER“ е трилогија која прикажува три жени херои кои имаат значајно влијание врз нивните заедници или земји. Нивните перспективи за работата и пресвртната точка во нивните животи, која ги довела до тоа да се откажат од сè што имале, за да им помогнат на другите. Во филмот се следат жени на различни континенти, жени со различно потекло, култура и религија, кои успеале да направат промена во нивните заедници и ширум светот.
|
"The Dark Way"
documentary film, 48 min. Iran Director: Anahid Davari |
„Темниот пат“
документарен филм, 48 мин. Иран Режија: Анахид Давари |
Women who have breast cancer in Iran, need permission of their husbands for medical surgery and mastectomy. Although this has no legal basis, some doctors avoid doing surgery on patients without the permission by their husbands. Granting these kinds of permission, causes many problems in the marriage and social life of the patients.
|
На жените кои имаат рак на дојка во Иран им треба дозвола од нивните сопрузи за медицинска операција и мастектомија. Иако ова нема правна основа, некои лекари избегнуваат да вршат операции на пациентки без дозвола од нивните сопрузи. Давањето вакви дозволи предизвикува многу проблеми во брачниот и социјалниот живот на пациентите.
|
10 March 2022, 20.00h
|
10 март 2022, 20.00ч
|
"Caught in the Net"
documentary film, 100 min. Directors: Vít Klusák, Barbora Chalupová Czech Republic |
„Фатени во мрежата“
документарен филм, 100 мин. Режија: Вит Клушак, Барбора Чалупова Чешка Република |
Three young actresses pretend to be under-age and see what happens when signing up for a popular online chat room. An eye-opening experiment revealing how this modern form of child abuse became an extremely spread out and common threat.
|
Три млади актерки се преправаат дека се малолетни и гледаат што ќе се случи кога се пријавуваат во популарна онлајн соба за разговор. Експеримент кој ги отвора очите и кој што открива како оваа модерна форма на злоупотреба на деца станува крајно распространета и вообичаена закана.
|
21-24 March 2022, Cinematheque
|
21-24 Mарт 2022, Кинотека
|
Special screenings of documentary film
"Caught in the Net" for high school students. |
Специјални проекции на документарниот филм „Фатени во мрежата“ за ученици од средни училишта.
|
As part of the planned program of the "Women's Rights Nights", from 21 to 24 March, in the cinema hall of the Cinematheque, starting at 12.00, it will be organized screenings of the film "Caught in the Net" by Wit Klushak and Barbora Chalupova (Czech Republic).
"Caught in the Web" is a film in which three young actresses pretend to be under-age and see what happens when signing up for a popular online chat room. An eye-opening experiment revealing how this modern form of child abuse became an extremely spread out and common threat. The screenings are intended for students from high schools from the City of Skopje, and the schedule according to which they will take place is as follows:
|
Како дел од предвидената програма на „Вечерите на женски права“, од 21 до 24 март, во кино салата на Кинотека, со почеток од 12.00 часот, ќе се одржат проекции на филмот „Фатени во мрежата“, од Вит Клушак и Барбора Чалупова (Чешка Република).
„Фатени во мрежата“ е филм во кој три млади актерки се преправаат дека се малолетни и гледаат што ќе се случи кога се пријавуваат во популарна онлајн соба за разговор. Експеримент кој ги отвора очите и кој што открива како оваа модерна форма на злоупотреба на деца станува крајно распространета и вообичаена закана. Проекциите се наменети за ученици од средните училишта на Град Скопје, а распоредот по кој што ќе се одвиваат е следниот:
|