Настанот „Вечери на женски права“ се организира веќе четврта година по ред во Скопје по повод празнувањето на Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март, со цел да понуди културна алтернатива во одбележувањето на овој значаен датум за напредокот на женските права и родовата рамноправност. Овој настан е плод на соработката на канцеларијата на UN Women од Скопје, Универзитетот за аудио-визуелни уметности ЕСРА, и Институтот за родови студии на Филозофскиот факултат при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“. Од 2012 година, покровител на настанот е градот Скопје.
Темата на четвртото издание на „Вечерите на женски права“ е претставувањето на сликата за/на жената во медиумите, во кое ќе се проектираат три документарни филма од поновата светска продукција, проследени со тематски дискусии, изложба, и поетски перформанс.
Во таа линија е изработен и визуелниот имиџ на настанот, кој ја разгледува буквата „Ж“ како симбол за разновидност, развиеност, вештина, способност и борба. Визуелната репрезентација за настанот претставува графички коментар на сеприсутното женско тело на билбордите кои ги гледаме во нашето секојдневие.
Искрено се надеваме дека ќе уживате во програмата која ја подготвивме за вас и оваа година!
Честит 8ми Март!
UN Women, Град Скопје, Универзитет за аудиовизуелни уметности ЕСРА и Институт за родови студии при Филозофскиот факултет
Режисерка: Кристи Гевара-Фланаган
Продуцентка: Келси Едвардс
WONDER WOMEN! Нераскажаната приказна за американските хероини ја следи фасцинантната еволуција и наследство на Супер-жената (Wonder Woman). Од раѓањето на стрип супер-хероината во 40-тите години на минатиот век, до денешните блокбастери WONDER WOMEN!ги разгледува начините како популарната репрезентација на моќните жени често ги рефлектира општествените стравови за ослободувањето на жената. WONDER WOMEN! оди позади сцената со Линда Картер, Линдзи Вагнер, стрип-цртачи, уметници, и вистински хероини како Глорија Стејнем, Кетлин Хана и др., кои внесуваат корисен и забавен контрапункт кон жанрот на доминантната машка култура.
Дискусија на тема: Со кои хероини пораснав?
Режисер и продуцент: Томас Кит
И покрај достигнувањата во текот на изминатите декади, мизогинијата задржува постојано влијание во американската култура. „Генерација „М“ го испитува влијанието на мизогинијата и сексизмот во американските „мајнстрим“ медиуми, истражувајќи колку негативни дефиниции поврзани со женскоста и ставови на омраза кон жените се конструирани и се провлекуваат во самата срж на оваа популарна култура. Филмот ја следи деструктивната динамика на мизогинијата низ широк и вознемирувачки опсег на медиумски феномени: вклучувајќи ја хипер-сексуализацијата на комерцијалните продукти кои се наменети за девојчињата, застапеноста на насилството во видео игрите за момчињата, рапувањето на хип-хоп уметниците кое е скоро хистеричното сексистичко и шегите на радио во програмите во живо, како и безмилосните, патронизирачки карикатури на женскоста и феминизмот кои одекнуваат во популарната американска „мајнстрим“ култура.
Дискусија на тема: Продаваат ли медиумите мачо култура?
Режисерка: Барбара Милер
Продуцент: Филип Делакис
Нивните гласови се потиснати, забранети и цензурирани. Но, светски познатите блогерки Санчез, Зенг Јинјан и Фарназ Сеифи не се заплашени од диктаторските режими. Овие бестрашни жени ја претставуваат новата, „вмрежена“ генерација на модерни револуционер(к)и. Во Куба, Кина и Иран, нивните блогови ги размрдуваат основите на државниот монопол – ставајќи ги нивните животи во голем ризик. Филмот „Забранети гласови“ ги следи овие три храбри жени во нивното опасно патување и употребата на социјалните медиуми како Facebook, YouTube и Twitter со нивните објави и борба против прекршувањата на човековите права и слободата на говорот во нивните земји –предизвикуваќи интернационален одглас преку создавање огромен политички притисок. Магазинот TIME ги сместува помеѓу најзначајните влијателни гласови. Базиран на нивните сведоштва и доверливи снимки, „Забранети гласови“ оддава почит на нивната храбра битка.
Дискусија на тема:Твитувам, блогувам, постирам, значи постојам #феминистка
*влезот е бесплатен за сите вечери

- петок - 8ми март 2013, Кинотека на Македонија, 20:00 часот

- сабота – 9ти март 2013, Кинотека на Македонија, 20:00 часот
Режисер и продуцент: Томас Кит
И покрај достигнувањата во текот на изминатите декади, мизогинијата задржува постојано влијание во американската култура. „Генерација „М“ го испитува влијанието на мизогинијата и сексизмот во американските „мајнстрим“ медиуми, истражувајќи колку негативни дефиниции поврзани со женскоста и ставови на омраза кон жените се конструирани и се провлекуваат во самата срж на оваа популарна култура. Филмот ја следи деструктивната динамика на мизогинијата низ широк и вознемирувачки опсег на медиумски феномени: вклучувајќи ја хипер-сексуализацијата на комерцијалните продукти кои се наменети за девојчињата, застапеноста на насилството во видео игрите за момчињата, рапувањето на хип-хоп уметниците кое е скоро хистеричното сексистичко и шегите на радио во програмите во живо, како и безмилосните, патронизирачки карикатури на женскоста и феминизмот кои одекнуваат во популарната американска „мајнстрим“ култура.
Дискусија на тема: Продаваат ли медиумите мачо култура?
- недела – 10ти март 2013, Кинотека на Македонија, 19:00 часот