Во рамките на програмата на дванаесеттото издание на „Вечерите на женски права“, во периодот од 14 до 16 мај 2021, со почеток од 20 часот, во летното кино на Кинотека, ќе се одржат проекции на три документарни филма. Влезот на проекциите е бесплатен. Во случај на дожд, проекциите ќе се одржат во кино салата на Кинотека.
14.05.2021, 20:00ч. „ФОРТЕ“ Режисер: Дејвид Донели 2020 / 60 мин / Аргентина, Франција, Германија, Норвешка, Португалија, Русија, Велика Британија, САД | 15.05.2021, 20:00ч. „Денот на жената“ Режија: Долија Гавански 2019 година / 85 мин / Велика Британија и Русија | 16.05.2021, 20:00ч. "Тоа е тинејџерски свет - Вмрежени за секс, лаги и игри на моќ", режија: Лин Глазиер 2009 / 45 мин / Канада |
Форте е колажен документарен филм кој ги предизвикува популарните, но застарени поими за успех во класичната музика преку брз наратив на три жени уметници: Татјана Берман, Лусија Карузо и Елдбјерг Хемсинг. Нивните приказни се контекстуализирани со искрени коментари од некои од најдобрите светски класични музички личности, вклучувајќи ги Пааво Јарви, Тан Дан, Јо Ан Фалета и Ксенија Башмет. | Воодушевувачки приказни на жени од СССР - пионери и преживеани - кои ги откриваат своите животи од револуцијата во 1917 година до денес. Интимна, изненадувачка, смешна, ексцентрична, болна и контрадикторна - ова е непозната историја на рускиот феминизам. | Внатрешен поглед на културата на сексуално вознемирување и малтретирање широко распространета помеѓу тинејџерите денес. Овој уникатен филм ја испитува цената што адолесцентите, особено девојките, мора да ја платат за да бидат кул и популарни во нашиот храбар нов вмрежен свет. |