На иницијатива на канцеларијата на UN Women во Скопје, во соработка со Институтот за родови студии при Филозофскиот факултет во Скопје и Универзитетот за аудиовизуелни уметности, од 2010 година започна да се одржува манифестацијата Вечери на Женски Права.
Вечерите на Женски Права имаат за цел да понудат културна алтернатива на одбележувањето на Меѓународниот ден на жената, 8ми март.
Преку прикажување на документарни филмови и организирање на дебати на теми поврзани со родовата еднаквост и правата на жените, се провоцира критичка мисла, размислување, дијалог и осврт на постојните нееднаквости помеѓу мажите и жените во општеството.
На настанот учествуваат студенти, аналитичари, активисти за женски права и родова еднаквост, професори, преставници од институции, невладини организации, филмски режисери, граѓани и граѓанки на град Скопје и пошироко. Вечерите се отворени за сите кои имаат интерес и волја да се приклучат кон едно поинакво прославување на Меѓународниот ден на жената.
Во 2012 година, официјален покровител на настанот станува Градот Скопје, со што Вечерите на Женски Права стануваат културна манифестација на градот.
Оваа 2015 година, Вечерите на Женски Права се во духот на одбележувањето на 20 годишнината од Четвртата светска конференција за правата на жените во Пекинг и донесувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција.
ПРОГРАМА ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА 2015