Како дел од предвидената програма на „Вечерите на женски права“, од 21 до 24 март, во кино салата на Кинотека, со почеток од 12.00 часот, ќе се одржат проекции на филмот „Фатени во мрежата“, од Вит Клушак и Барбора Чалупова (Чешка Република).
„Фатени во мрежата“ е филм во кој три млади актерки се преправаат дека се малолетни и гледаат што ќе се случи кога се пријавуваат во популарна онлајн соба за разговор. Експеримент кој ги отвора очите и кој што открива како оваа модерна форма на злоупотреба на деца станува крајно распространета и вообичаена закана.
Проекциите се наменети за ученици од средните училишта на Град Скопје, а распоредот по кој што ќе се одвиваат проекциите е следниот:
По секоја од проекции те ќе следи и дебата поврзана со темата во филмот.

- 21 март - СУГС Никола Карев и СУГС Здравко Цветковски
- 22 март - СУГС Д-р Панче Караѓозов и СУГС Орце Николов
- 23 март - СУГС Васил Антевски Дрен и СУГС Ѓорѓи Димитров
- 24 март - СУГС Јосип Броз Тито и СУГС Марија Кири Склодовска