08 март 2021, 19:00ч. Културно информативен центар Меѓународна ликовна изложба: „БУДЕЊЕ 2“ Кураторка: Шќипе Мехмети Учествуваат: - Маја Кировска (МК) - Мојца Сенегачник (СЛ) - Александра Петрушевска Ристовска (МК) - Симонида Филипова Китановска (МК) - Марипоса Фа (Швајцарија) - Хура Миршекари (Иран) - Јана Печечник (СЛ) - Јана Стојаковиќ (СР) - Лаурета Воглиќи (КО) - Касиопеја Наумоска (МК) | 08 March 2021, 19:00h Cultural Information Center (KIC) International art exhibition: "AWAKENING 2" Curated by Shqipe Mehmeti Participants: - Maja Kirovska (MK) - Mojca Senegačnik (SL) - Aleksandra Petrusevska Ristovska (MK) - Simonida Filipova Kitanovska (MK) - Mariposa Fa (CH) - Hura Mirshekari (Iran) - Jana Pečečnik (SL) - Jana Stojaković (SR) - Laureta Vogliqi (KO) - Kasiopeja Naumoska (MK) |
Темата на Меѓународниот ден на жената за 2021 година носи наслов „Жени во лидерство: Постигнување еднаква иднина во свет на ковид-19“. Во контекст на насловот на темата, Град Скопје во партнерство со Канцеларијата на UN Women, во континуитет ја организира изложбата посветена на женските права. Симонида Филипоска-Китаноска, Касиопеја Наумовска, Маја Кировска и Александра Петрушевска (Р.С.Македонија), Хура Миршекари (Иран), Мојца Сенегачник (Словенија), Јана Печечник (Словенија), Марипоса Фа (Швајцарија), Јана Стојаковиќ (Србија) и Лаурета Воглиќи (Косово), жени-авторки од земјава и регионот, преку нивните приказни презентираат различни толкувања за женското будење и свеста за кршењето на женските права, а со тоа и човековите права, видени низ интимистички ракурс и раскажани секоја низ своето индивидуално женско писмо. Мојца Сенегачник во делото “White Wedding”, преку чистотата и невиноста на белиот везен чаршаф испрскан со црвена боја, симболично ги прикажува различните фази на развојот на жената - физички, сексуален, духовен, итн. - како и сите очекувања кои овие фази ги носат со себе, наспроти сите жени кои во различна возраст се соочени со секаков вид на насилство. Видео перформансот „Ограничување (2)“ (Limitation (2)) на Хура Миршекари ги претставува ограничувањата и цензурата на уметничките експресии. Жената е центар во ова дело, а преку уметност и движење се истражуваат причинителите на ограничувањата (лични, родови, религиски, културни, етнички, возрасни итн). Јана Стојаковиќ го претставува домашниот садизам преку серија фотографии во кои жената е претставена во позиција на домаќинка, но и предизвикувачки сексуален објект и, според различни закони во различни земји, низ историјата била подложена на секаков вид легално овозможено насилство. Марипоса Фа ги претставува жените преку црно-бели фотографии во различни интимни до гротескни ситуации, со композициска расчленетост на повеќе нивоа и суптилно драматична сценографија и костимографија како израз на внатрешните состојби. Симонида Филипоска-Китаноска, мајстор на акварелот, возен-медитативен манир секогаш симболично го доловува движењето и значењето на моментот, минливоста, но и симболичната моќ на калиграфски оставената трага на мигот. Сликарскиот свет на Касиопеја Наумовска е антропоцентричен, а самите апстрактно-експресивни, контрастно-колоритни фигури нудат специфична нарација, посебен свет на фантазија и приказни со надреално чувство за амбиентот. Маја Кировска во делото „Таписерија - Варијација на грешка“ го истражува влијанието на дигиталното време врз секојдневното зачувување на податоци и значењето на архивирањето на изминатиот труд, но и сеќавањата. Искуството во документирањето на значајни податоци ја навело кон експеримент со програми за поврат на избришани податоци, при што исто штетен фајл се враќа со различен графички приказ. Јана Печечник, во дводимензионален манир на графички дизајн, говори за интимните состојби на секоја жена, како и за нужната потреба за неопходни нежности, мечтаења и експресија, преку минималистички форми и симболично контрастирање на две бои - црна и розева. Лаурета Воглиќи истражува и претставува најобични предмети од секојдневниот живот кои вообичаено не се предизвикувачки да бидат презентирани како уметничка тема и сензација, со намера да се предизвика свест за убавината на отфрленото и запоставеното. Александра Петрушевска во својата визуелна практика ја интересираат општествени процеси преку презентација на запоставени ентериери на јавни простори, во минатото замислени да служат за културолошки развој, а денес полни со отсуство. Маја Чанкуловска-Михајловска | The theme of International Women’s Day 2021 is presented with the title “Women in leadership: Achieving an equal future in a COVID-19 world”. In the context of this thematic title, the City of Skopje, in partnership with the UN Women Office in Skopje, continually organises the exhibition dedicated to women’s rights. Simonida Filiposka-Kitanoska, Kasiopeja Naumoska, Maja Kirovska, and Aleksandra Petrushevska (R.N. Macedonia), Hura Mirshekari (Iran), Mojca Senegachnik (Slovenia), Jana Pechechnik (Slovenia), Mariposa Fa (Switzerland), Jana Stojakovik (Serbia) and Laureta Vogliqi (Kosovo), women-authors from this country and the region, present through their stories various interpretations of female awakening and awareness of violations of women’s rights, and hence of human rights, seen through an intimist recourse and narrated each with its unique “woman’s writing”. In her piece “White Wedding”, Mojca Senegachnik, through the purity and innocence of the white embroidered sheet spattered with red paint, symbolically represents the various phases of female development - physical, sexual, spiritual, and so on - as well as all the expectations that these phases entail, as opposed to all women who face all forms of violence at varying ages. Hura Mirshekari’s video performance “Limitation (2)” presents the limitations and the censorship of artistic expression. The woman is in the centre of this piece, which through art and movement explores the causes/agents of these limitations (personal, gender-related, religious, cultural, ethnical, age-bound, etc.). Jana Stojakovikj presents domestic sadism through a series of photographs that represent the woman in the role of a housewife, but also of a tempting sexual object that, according to different countries’ varying laws, has been subjected to all kinds of legally enabled violence. Mariposa Fa, in her black-and-white photographs, presents women in diverse intimate and even grotesque situations, with a layered division of the composition on several levels and subtly dramatic scenography and costimography as an expression of internal states of being. Simonida Filiposka-Kitanoska, a master of aquarelle, in her zen-meditative manner, as always, symbolically conveys movement and the importance of the moment; impermanence, but also the symbolic power of the calligraphic trace of the moment. The painting universe of Kasiopeja Naumoskais an anthropocentric one, and the very abstractly-expressive figures with contrasting colours offer a specific narrative, a distinct world of fantasy, and stories with a surreal feeling of ambiance to them. Maja Kirovska, in her piece “Tapestry – Variation of Error”, explores the influence of the digital age on the daily storage of data and the significance of archiving not only past works, but memories as well. Her experience in documenting relevant data has induced her to experiment with programs for recovery of erased data, wherein the same damaged file is retrieved with a different graphic representation. Jana Pechechnik, in the two-dimensional manner typical of graphic design, speaks of the intimate states of every women, as well as of the vital need of essential gentleness, daydreams and expression, through minimalist forms and the symbolic contrast of two colours: black and pink. Laureta Vogliqi explores and presents common objects from everyday life, usually perceived as not challenging enough to be presented as an artistic theme and sensation, with the intent of raising awareness of the beauty of the discarded and neglected. The visual practice of Aleksandra Petrushevska shows her interest in social processes, through the presentation of the neglected interiors of public spaces, formerly envisaged to serve the purpose of cultural development, and now full of absence. Maja Chankulovska - Mihajlovska |