Галерија М.К.Ц. 08/03/2022, 19:00ч.
Изложбата ќе трае до 15/03/2022.
Селектор и организатор на изложбата: Шкипе Мехмети
Текст во каталогот: Маја Чанкуловска (куратор и историчар на уметност)
Изложбата „Будење 3 (Awakening 3)“ и оваа година ќе се организира по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, со сета индивидуална и колективна борба што му претходела на овој ден и борбата што сѐ уште трае во различни сегменти во општеството.
Таа е во директна релација со личните женски позиции, бидејќи големата револуција за ослободување на жените не е завршена, таа штотуку почна! Имајќи ги предвид илјадниците години на женска потчинетост и владение на мажите, времето на слобода и рамноправност на жените е нова и кревка придобивка на една генерација што мора да се негува, да се продлабочува и да се шири од цивилизациските центри кон периферијата на светот. Револуционерните промени во развиените општества се придобивки што не ги споделуваат сите жени. Сѐ уште постојат места каде што жените се без име и идентитет. каде што на жените им е забрането да бидат личност и каде што кога се личности, тоа ги застрашува мажите, кои стануваат агресивни соочени со својата несигурност пред жените што се свесни за себе. Сѐ уште денес во ова време на напредок има места каде што жените се третираат како машини за репродукција на човештвото и како корисни машини за обработка на почвата или за индустриско производство во фабриките, иако формално ги имаат истите права на образование и работа како мажите. Сѐ уште заостанатата средина и традицијата врши притисок на жените да се повлечат во анонимност и општеството манипулира со нивните животи. Сѐ уште постајат места каде што дури и кога жените формално имаат законско право на еднаквост со мажите, тие се третирани лицемерно со потценување и одново се туркаат во темнината надвор од јавната сцена како пасивни употребни предмети без право на индивидуализација и без можност реално да ги остварат своите законски права, кои така тешко ги извојуваа.
Темата на изложбата, која се повикува на темата за Меѓународниот ден на жената, 8 март нa UN Women, “Gender equality today for a sustainable tomorrow” e посветена токму на ослободувањето на жените што започна и на револуцијата што не е завршена. Живеејќи во општество каде што жените ги обезбедиле своите законски права и се формално еднакви со мажите не значи дека живееме во слободно општество на остварени права на жените.
“Будење 3” претставува уште една можност за мобилизирање на глобална акција за постигнување родова еднаквост и човекови права на сите жени и девојчиња.
Жените се должни да го прошират полето на свесност за сопственото место и положба во општеството преку конкретни акции, организирање културни настани и презентација на проекти, зборувајќи јавно и отворено, без предрасуди, за своите проблеми, потреби и права.
Уметнички што учествуваат на изложбата:

- Жанхог Лиао (Кина/Холандија)
- Вана Урошевиќ (С. Македонија)
- Диана Томиќ Радеска (С. Македонија)
- Марина Чориќ (Хрватска)
- Марија Сотировска Богдановска (С. Македонија)
- Марија Ветероска (С. Македонија)
- Јелена Медиќ (Република Српска, Босна и Херцеговина)
- Миа Медаковиќ Топаловиќ (Србија)
- Лаура Брахими (Косово)
- Јана Манева Чупоска (С. Македонија)