Денеска (09.03.2022), со почеток од 20.00 часот, во кино салата на Кинотека, ќе се одржи проекција на документарните филмови „HER“ од Хуан Карлос Бореро и Мелоди Карли (САД) и „Темниот пат“ од Анахид Давари (Иран).
„HER“ е трилогија која прикажува три жени херои кои имаат значајно влијание врз нивните заедници или земји. Нивните перспективи за работата и пресвртната точка во нивните животи, која ги довела до тоа да се откажат од сè што имале, за да им помогнат на другите. Во филмот се следат жени на различни континенти, жени со различно потекло, култура и религија, кои успеале да направат промена во нивните заедници и ширум светот.
„Темниот пат“ е филм за жените кои имаат рак на дојка во Иран и им треба дозвола од нивните сопрузи за медицинска операција и мастектомија. Иако ова нема правна основа, некои лекари избегнуваат да вршат операции на пациентки без дозвола од нивните сопрузи. Давањето вакви дозволи предизвикува многу проблеми во брачниот и социјалниот живот на пациентите.

| |